Кремљ: Банкротот на Украина е официјален

Банкротот на Украина е признаен официјално и Русија ќе бара враќање на 3 милијарди долари преку суд, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Фактичкиот банкрот, може да се каже, е официјално признаен од украинската страна – имаше изјава за мораториум на исплатата на тој суверен долг. Тоа е признавање на банкротот“, рече Песков, а пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборовите, за враќање на украинскиот долг, пред Русија во моментов постојат „фактички само судски перспективи“.

Претходно во петокот заменик-министерот за финансии на РФ Сергеј Сторчак изјави дека Украина нема шанси да добие судски спор за официјалниот кредит од Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња