Извор: ЕУ-санкциите против РФ ќе бидат продолжени

„Сѐ е многу едноставно: Советот на ЕУ ги поврза рестриктивните мерки со реализацијата на „Минската спогодба“, изјави европски дипломат.

Економските санкции на ЕУ против Русија, чија важност истекува на 31 јануари 2016 година, ќе бидат продолжени во секој случај – со или без дискусија, изјави извор близок до Советот на ЕУ, пренесува ТАСС.

„Сѐ е многу едноставно: Советот на ЕУ ги поврза рестриктивните мерки со реализацијата на „Минската спогодба“. Тоа не е прашање што подлежи на дискусија, тоа е политичката цел што ја имаме денес. А „Минската спогодба“ денес не е реализирана, и соодветно, санкциите ќе бидат продолжени. Како што се очекува, за половина година“, рече дипломатот.  

Според неговите зборови, формалната одлука треба да биде донесена од страна на Советот на ЕУ, меѓутоа тоа може да се стори на различни начини. „Во моментов се работи на ниво на работни групи. Се претпоставуваше дека амбасадорите на ЕУ ќе ја одобрат со писмена процедура, меѓутоа беше решено да се одложи тоа затоа што работата сѐ уште трае. Никому особено не му се брза, затоа што важноста на санкциите истекува дури на крајот на јануари“, објасни тој.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња