Обама: Прекин на огнот во Сирија за заедничка борба со Русија против ИД

Меѓународната заедница почна да бара политичко решение на конфликтот во Сирија, изјави претседателот на САД Барак Обама.

САД имаат намера да ги искористат „сите можности“ за да му се спротивстават на тероризмот, вклучително и со соработка со своите сојузници и Русија,  изјави претседателот на САД Барак Обама во текот на своето обраќање до Американците од Овалната соба на Белата куќа, пренесува „Лента.ру“.

Прекин на огнот во Сирија ќе им помогне на САД, нивните сојузници и Русија да се борат со терористичката  група „Исламска држава“, изјави претседателот на САД Барака Обама во понеделникот, пренесува РИА „Новости“.  

„Под раководство на Америка меѓународната заедница почна со работа над процесот и агендата за прекин на огнот и политичко решение за сириската војна. Тоа ќе му овозможи на сирискиот народ, како и на секоја земја, вклучувајќи ги нашите сојузници, но исто така и земјите како Русија, да се фокусираат на заедничката цел – уништување на ИД“, 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња