Лимонов за Црна Гора: Народите мораат да имаат совест и традиција

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг лаже кога мрмори дека „влегувањето на Црна Гора во НАТО не се однесува на Русија“, смета познатиот руски писател Едуард Лимонов.

„И тоа како се однесува до нас, го избраа сосем свесно нам најблискиот народ! За да нѐ боли уште повеќе“, ги пренесува зборовите на рускиот писател Едуард Лимонов порталот Livejournal .

Како да велат, гледајте Руси како ви ги одземаме најдобрите пријатели. Колку лесно ве предадоа. Вредеше да ги намамиме и тие радосно ни дотрчаа.  

Писателот потсетува дека Црна Гора е избрана затоа што се смета за стар пријател на Русија и затоа што на погребот на Пушкин уште во 1837 година присуствувал младиот Петар Петровиќ Његош, висок два метри, поет и поглавар на Црна Гора. Уште тогаш. И плачел за Пушкин.

Црногорците во оваа денешна приказна изгледаат многу лошо, некако непристојно. Би преживеале и без НАТО. Народите мораат да имаат и совест и традиција, заклучува Лимонов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња