Руските служби не ја потврдија оригиналноста на видеото на ИД

Во моментов тоа е засилена пропаганда на ИД, смета претседателот на Меѓународната асоцијација на ветерани на контратерористичката единица „Алфа“ Сергеј Гончаров.

Видеото што се појави на интернет со наводна егзекуција на лице кое се претставува како агент на руските тајни служби е уште еден пропагандистички потег на терористите, направен поради успесите на операциите на ВКС РФ во Сирија.

Вакво мислење за РИА „Новости“ искажа претседателот на Меѓународната асоцијација на ветерани на контратерористичката единица „Алфа“ Сергеј Гончаров.

„Оригиналноста на тоа видео треба да ја определат експерти на безбедносните служби. Но веќе неколкупати припадниците на ИДИЛ „пуштаа“ вакви информации кои потоа беа демантирани од безбедносните служби. Во моментов тоа е уште една засилена пропаганда на бунтовниците, ново „бранување“, изјави Гончаров.

Руските безбедносни служби не го коментираат новото видео.

Претходно американските телевизии „Ен-Би-Си“ и „Си-Ен-Ен“ соопштија дека „Исламската држава“ објавила видео-запис на кој наводно е покажана егзекуција на човек во портокалова облека, кој пред камерата признава дека доставувал информации до Федералната служба за безбедност на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња