„Ние во Сирија се бориме за Русија“, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, нагласувајќи дека Русија одлично знае што е тоа тероризам. „Ни требаа речиси десет години да ја исчистиме нашата земја од терористите. Се бориме против преостанатите. Тоа зло сѐ уште не се предава“, рече Путин, обраќајќи се пред Федералното собрание на РФ.
„Терористите во Сирија претставуваат особена опасност за нас. Наша задача е да ги ликвидираме додека се сѐ уште далеку од нашата земја. Нашите вооружени сили во Сирија се борат пред сѐ за Русија“, истакна Путин.
Претседателот на државата нагласи дека е невозможно само една држава да го победи меѓународниот тероризам и затоа е неопходно да се формира единствен антитерористички фронт кој ќе функционира врз основа на меѓународното право и под закрила на ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче