„Донесовме одлука да размислиме како да го искористиме Советот Русија-НАТО за обнова на соработката со Русија. Ќе го проучиме ова прашање и ќе определиме време и термин за нов состанок“, изјави Столтенберг, пренесува „Взгљад“.
„Сакам да потенцирам дека и покрај тоа што НАТО ја замрзна практичната соработка со Русија“ по присоединувањето на Крим со Русија во 2014 година, „ние се договоривме да ги задржиме политичките контакти со Русија отворени“, истакна генералниот секретар. „Советот Русија-НАТО продолжува да работи, и во практика од 2014 година имаше неколку состаноци на СРН“, изјави тој.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена за дијалог во секаков формат.
„Ако на господинот Столтенберг сега му дозволиле да покаже таква иницијатива, тогаш ќе се собереме, ќе дискутираме, ќе слушнеме што сакаат да ни кажат натовските колеги. Кај нас се насобраа многу прашања до НАТО, вклучително и во однос на тоа како се прекршуваат договорите кои постојат во рамките на Советот Русија-НАТО, затоа има за што да поразговараме“.
„Најважно е да не дозволиме оддалечување од клучниот принцип втемелен во основата на нашите односи со НАТО – принципот на еднаква и неделива безбедност, која никој не треба во Евроатлантикот да ја зајакнува својата безбедност за сметка на нарушување на безбедноста на другите“, потенцираше Лавров, а пренесува ТАСС.
Советот Русија-НАТО беше формиран во 2002 година со цел воспоставување доверба меѓу поранешните противници во студената војна. НАТО се откажа од дијалог со Москва по припојувањето на Крим кон Русија и поради наводната поддршка за вооружените бунтовници на истокот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче