Руските војници во Сирија можат да добијат статус на воени ветерани

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ наложи на владата да ја разгледа можноста за доделување статус на воени ветерани за руските војници кои служат во Сирија.

Претседателот на РФ Владимир Путин ѝ наложи на владата до 20 декември да го реши прашањето за доделување статус на воени ветерани на руските војници кои служат во Сирија, пренесува РИА „Новости“.

„До владата на РФ… да се разгледа прашањето за можноста за внесување во законодавството на Руската Федерација измени кои предвидуваат доделување статус на воен ветеран на државјани на Руската Федерација упатени на територијата на Сириската Арапска Република во врска со вршење борбени дејствија“, се вели во налогот на претседателот, објавен на сајтот на Кремљ.

Оваа задача ѝ е дадена на владата по седницата на советот за развој на граѓанското општество и правата на човекот одржана на 1 октомври.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња