Медиум: Анкара подготвува голема инвазија врз Сирија

Интересите на Турција и Русија ќе се соочат на сириското поле. Што ќе произлезе од тоа? Поделба на Турција и почеток на голема војна меѓу Курдите и Турците, изјави извор од Ирак, а пренесува „Комсомолскаја правда“.

„Турција подготвува голема интервенција во Сирија со цел создавање тампон-зона и под изговор дека сака да ги заштити сириските Туркмени од руските бомбардери“, пишува Дарја Асламова за „Комсомолскаја правда”.

Турската војска вчера изврши минофрлачки напад врз сириската војска, а турските безбедносни служби подготвуваат терористички групи составени од Ујгури (туркиски народ) од Кина, пишува рускиот весник.

Извор од Ирак, политикологот Рамазан Османов, изјави за „Комсомолскаја правда“ уште пред да биде соборен рускиот авион: „Од доверливи канали во владата на Турција е познато дека Анкара со помош на САД ќе тргне во авантура: во инвазија на Сирија. Интересите на Турција и Русија ќе се соочат на сириско поле. Што ќе произлезе од тоа? Поделба на Турција и почеток на голема војна меѓу Курдите и Турците“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња