Израел: Русите не нѐ задеваат, ние не ги задеваме

Авион на ВКС Русија случајно навлегол во воздушниот простор над Голандската висорамнина контролиран од Израел, изјави министерот за одбрана на Израел Моше Јаалон.

Според зборовите на министерот за одбрана на Израел Моше Јаалон, за регулирање на ситуацијата бил активиран каналот за комуникација договорен меѓу вооружените сили на двете земји, пишува „Взгљад“.

„Имаше мала грешка и пилотот влета 1 милја (1,6 км) во нашиот воздушен простор“, изјави во неделата министерот за радиото „Кол Израел“.

„Со него веднаш стапија во контакт и тој истиот момент го смени курсот и се врати во Сирија“, додаде Јаалон.

Тој истакна дека „бидејќи руските авиони не нанесуваат удари врз нас (Израел), нема потреба автоматски да ги соборуваме“.

„Исто како што ние не им пречиме (на руските ВКС) да дејствуваат, и не се мешаме во тоа што се случува во Сирија, така исто и тие не ни пречат да летаме и да дејствуваме во согласност со нашите интереси“, потенцираше израелскиот министер за одбрана.

Притоа тој не прецизираше кога се случил овој настан.

Засега нема коментари од руска страна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња