Експерт: Санкциите се болни за турската економија

Мерките наведени во указот на претседателот на РФ се доволно болни за турската економија. Сепак, тие не се насочени кон кинење на сите врски на економските односи меѓу нашите држави, изјави за „Взгљад“ експертот на ИСЕПИ Алексеј Зудин коментирајќи го указот за посебни мерки против Турција.

„Откако Кремљ на самиот почеток отфрли воен одговор за соборувањето на Су-24, економските мерки излегоа на прв план и станаа фактички безалтернативни. Доколку се сеќаваме, целиот период меѓу нападот врз нашиот бомбардер и указот на Владимир Путин беше исполнет со дискусии за мерките кои може да ги употреби руската држава како одговор на предавничкото однесување на наводниот учесник во антитерористичката коалиција“, објаснува членот на експертскиот совет на Институтот за социјално-економски и политички истражувања Алексеј Зудин.

„Дури и во оваа сложена ситуација, дури и ако се земе предвид дека турскиот претседател продолжува да се однесува провокативно и предизвикувачки, Русија покажа воздржаност во сферата на економските мерки и докажа дека таа останува одговорна држава во однос на соседите. На списокот со мерки, наведени во указот, нема ништо што би допрело до испораката на гас за Турција. На списокот нема ништо што би ги допрело перспективите на економските односи меѓу нашите земји“.

Указот е сразмерен, справедлив, воздржан и одговорен, заклучува експертот, пренесува „Взгљад“.

Во саботата претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша Указот „За мерките за обезбедување на националната безбедност на Руската Федерација и заштита на граѓаните на Руската Федерација од криминални и други противправни дејствија и за примена на специјални економски мерки во однос на Турската Република“.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња