Турски социјални мрежи: Само уште тоа ни требаше!

Реакцијата на корисниците на турските социјални мрежи по повод соборувањето на рускиот авион Су-24 е, како и обично, поделена: противниците на сегашната влада ги обвинуваат властите за невнимателност и глупости, додека приврзаниците на власта ги поддржуваат острите мерки и ги обвинуваат противниците за предавство.

На турските социјални мрежи циркулира карта на југот на Турција во близина на брегот на Средоземното море кај градот Хатај, каде турската територија има тесен коридор кон југ. Токму овде, како што е означено на мапата, дошло до повреда на воздушниот простор на Турција од страна на рускиот авион Су-24, пренесува руската служба на „Би-Би-Си“.

Како што наведува изданието, турските медиуми, повикувајќи се на каналот „Ал Арабија“, соопштија дека еден пилот загинал. Меѓутоа, официјална потврда за оваа информација нема. Вториот пилот наводно се катапултирал и се наоѓа кај Туркмените на северот на Сирија.

Во меѓувреме на социјалните мрежи во Турција се појави видео-снимка од мобилен телефон на кој е прикажан пилот кој лежи на земја, опкружен од локално население. Меѓутоа, не е јасно дали е жив, ранет или мртов.

Реакцијата на корисниците на турските социјални мрежи по повод соборувањето на рускиот авион Су-24 е, како и обично, поделена: противниците на сегашната влада ги обвинуваат властите за невнимателност и глупости, додека приврзаниците на власта ги поддржуваат острите мерки и ги обвинуваат противниците за предавство.

„Каква глупава одлука: сега против нас е втората нуклеарна сила во светот од која ги добиваме целата наша струја и гас“, напиша еден од корисниците на Твитер.

„Само уште тоа ни требаше, да ја свртиме Русија против нас“, се согласува со него друг корисник.

„Покажавме дека не сме ништо помалку силни од „петката“, истакна патриотски настроен корисник, мислејќи на петте членови на Советот за безбедност на ОН.

Еден Турчин напиша дека, доколку Русија започне војна, НАТО ќе биде на турска страна. Од друга страна, друг корисник е скептичен, па пишува дека ќе избега, затоа што слушнал дека Русија веќе започнала војна.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња