Медиум: Главен за Сирија е рускиот Центар за управување со одбраната

Американскиот весник „Вашингтон Пост“ истакнува дека вистинската „ѕвезда“ во операцијата во Сирија е рускиот Национален центар за управување со одбраната „со чија помош руското воено раководство ќе го координира дејствувањето ширум светот, вклучувајќи и лансирање на балистички ракети и распоредување на стратешките нуклеарни сили”.

Зградата на Националниот центар за управување со одбраната е „ѕвездата“ на операцијата на Воздушно-космичките сили на РФ во Сирија, пишува американскиот весник „Вашингтон Пост“.

Весникот пишува дека претседателот на Рисија Владимир Путин го посети НЦУО веднаш откако руските безбедносни служби јавија дека падот на авионот А321 е терористички чин.

Путин на руските воени претставници тогаш им наложи да воспостават директен контакт со француските колеги како со сојузници.

Во врска со тоа весникот истакнува дека вистинска „ѕвезда” во тој момент била „оваа зграда која е подигната како нов центар со чија помош руското воено раководство ќе го координира дејствувањето ширум светот, вклучувајќи лансирање на балистички ракети и распоредување на стратешките нуклеарни сили“.

Весникот исто така го споредува НЦУО според големината и карактеристиките со воениот команден центар на САД во Пентагон.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу претходно изјави дека Националниот центар за управување со одбраната според компјутерските капацитети за три-четири пати го надминува Пентагон, додека според обемот на информациите кои во него се чуваат, го надминува за 19,6 пати. Брзината на обработка на информациите е како 50 библиотеки на Ленин (главната руска библиотека) во секунда. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња