Путин: Нѐ чека многу обемна работа во Сирија

На руските војници им претстои обемна работа, истакна претседателот на РФ Владимир Путин, потребна за да се исчисти Сирија од бунтовниците, терористите и да се заштити Русија од можни терористички напади.

Претседателот на Русија Владимир Путин ги повика руските војници вклучени во операцијата во Сирија да го одржат високото ниво на спроведување на операцијата, пренесува РИА „Новости“.

„Задачите се исполнуваат и се исполнуваат добро“, изјави шефот на државата откако во текот на видео-конференцијата ги ислуша рапортите на раководителите на соодветните единици. Путин им се заблагодари на војниците за нивната работа.

„Но тоа засега е недоволно за да се исчисти Сирија од бунтовниците, терористите и да се заштити Русија од можни терористички напади“, изјави тој.  

„Пред нас е многу обемна работа и се надевам дека следните етапи ќе бидат реализирани исто така квалитетно, професионално и ќе го донесат очекуваниот резултат“, додаде претседателот на Русија.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња