Русија воведе ембарго на увоз на прехранбени производи од Украина

Русија смета дека воведувањето на режимот на слободна трговија меѓу Украина и Европската унија, кој стапува на сила на 1 јануари 2016 година, ќе создаде услови за неконтролиран увоз на европски производи во Русија, што би можело да влијае на домашното производство.

Руската влада донесе одлука од 1 јануари да воведе ембарго на увоз на прехранбени производи од Украина, соопшти министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев за ТВ-каналот „Русија 24”, а пренесува „Взгљад.

„Со оглед дека Украина им се приклучи на санкциите против Руската Федерација, донесовме одлука за воведување на заштитни мерки како што е ембаргото на увоз на прехранбени производи. Дејството на оваа одлука стапува на сила на 1 јануари“, изјави рускиот министер.  

По одржаните на почетокот на октомври трилатерални консултации за спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ, Уљукаев изјави дека на Русија не ѝ одговара ставот на Европската унија. Подоцна тој додаде дека Русија во врска со потпишувањето на оваа спогодба меѓу Украина и ЕУ ја разгледува можноста за воведување низа мерки против Киев, вклучително и на ембарго на увоз на прехранбени производи.

Русија смета дека воведувањето на режимот на слободна трговија меѓу Украина и Европската унија, кој стапува на сила на 1 јануари 2016 година, ќе создаде услови за неконтролиран увоз на европски производи во Русија, што би можело да влијае на домашното производство.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња