Путин формираше комисија за борба против финансирање на тероризам

Претседателот на РФ исто така препорача обвинителството, Централната банка и регионите да достават до комисијата материјали за лица вклучени во тероризам.

Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша указ за создавање комисија за борба против финансирање на тероризам, пренесува „Лента.ру“. Претседателот исто така препорача обвинителството, Централната банка и регионите да достават до комисијата материјали за лица вклучени во тероризам.

Комисијата има право да донесува решенија за замрзнување (блокирање) на парични средства или друг имот кои припаѓаат на организација или физичко лице. На физички лица, против кои се преземаат таквите мерки, комисијата има право да им доделува месечна парична помош.

На 16 ноември Путин, настапувајќи на прес-конференцијата по завршувањето на самитот на Г-20 во Турција, предложи да се почне со заедничка меѓународна работа за спречување на терористички напади, како и соработка на основа на борба против ИД. Рускиот лидер притоа соопшти дека финансирањето на ИД се врши од страна на физички лица од 40 земји, вклучително и на земји кои се дел од Г-20.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња