Песков: Руската војска не спроведува копнена операција во Сирија

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков не сакаше да ги коментира сличните соопштенија во медиумите, истакнувајќи дека не знае на што се базираат нивните информации.

Кремљ инсистира на тоа дека руската војска не врши копнена операција во Сирија, пишува ТАСС.

„Никакви копнени сили нема таму, и руската војска не води копнена операција таму“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој не сакаше да ги коментира сличните соопштенија во медиумите, истакнувајќи дека не знае на што се базираат нивните информации. „Се разбира дека таму (во Сирија) има технички контингент поврзан со логистиката за операцијата на ВКС Русија“, истакна портпаролот.

Тој исто така потсети дека претседателот на РФ Владимир Путин многупати има изјавено дека Русија нема намера да спроведува копнена операција во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња