ЦИА: Треба да ѝ помогнеме на Русија за запирање на приливот на терористи

Директорот на ЦИА Џон Бренан изјави дека во Сирија и Ирак има 2-3 илјади руски државјани како поддршка на терористите.

Директорот на ЦИА Џон Бренан изјави дека САД треба да бидат подготвени да ѝ помогнат на Русија во запирањето на приливот на екстремисти.

Тој исто така изјави дека во Сирија и Ирак пристигнале 2-3 илјади руски државјани за да ги поддржат терористите. „Над 2000, а можеби и 3000 руски државјани од Кавказот (од Дагестан, Чеченија и другите региони) отидоа во Сирија и Ирак“, изјави Бренан на форумот за безбедност во Вашингтон, пренесува „Взгљад”.

Директорот на ЦИА истакна дека во последно време „неколку пати со своите руски колеги“ ја разгледувале актуелната ситуација и прашањето „како заеднички можеме да го запреме овој прилив на луѓе“.

Форумот се одржува во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња