Путин: Русија нема да се впушта во трка за вооружување

Русија треба да го надомести испуштеното при крајот на 1990-2000-те години, кога се скратија програмите за обнова на техничкото вооружување на силите, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави во средата дека Русија не се впушта во трка за вооружување; според неговите зборови, потребно е едноставно да се надомести испуштеното од претходните години, пренесува ТАСС.

„Многупати кажав и ќе повторам уште еднаш: ние немаме намера да се впуштаме во некаква трка за вооружување, а уште повеќе да стигнеме некого и да претекнеме. Ние едноставно треба да го надоместиме испуштеното при крајот на 1990-2000-те години, кога вооружените сили, а и самите претпријатија од одбранбено-индустрискиот комплекс хронично беа недоволно финансирани, и пред сѐ беа скратени програмите за обнова на техничкото вооружување и на силите, и на претпријатијата од одбраната“, изјави Путин на состанокот со раководителите на одбранбено-индустрискиот комплекс и генералните конструктори.

Според неговите зборови, на состанокот ќе бидат дефинирани мерките кои ќе ја зголемат ефективноста на соработката на Министерството за одбрана и претпријатијата од одбранбено-индустрискиот комплекс.

„Создавањето современа армија, опремена со современо вооружување и воена техника остануваат, се разбира, еден од приоритетите на воената изградба. Искрено, секогаш така и било. Нашата задача е да ги реализираме сите предвидени планови“, изјави Путин.

Новото оружје се експлоатира интензивно, рече претседателот на РФ.

„Во 2015 година војската доби за една четвртина повеќе нови и модернизирани примероци на вооружување отколку во 2014 година. Важно е што современото вооружување што го добиваме се користи интензивно“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња