Медиуми: Сириската опозиција го отфрли „рускиот мировен план“

Сириските опозиционери го отфрлиле „рускиот пакет-предлози за мирно решение на сириската криза“, пишуваат западните медиуми за реакциите на документот чија вистинитост не е потврдена од Москва.

Сириските опозиционери изјавија дека целта на Москва наводно се состои во задржување на претседателот Башар Асад на власт и маргинализирање на разногласноста, пишува „Ројтерс“, а пренесува „Взгљад“.

Претставниците на прозападната Национална коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили изјавија дека не дозволуваат можност за одржување избори и реформи во рамките на постојниот политички систем во земјата.

Претходно „Ројтерс“ го објави таканаречениот Руски пакет-предлози за Сирија, игнорирајќи ги изјавите од МНР РФ дека информацијата на агенцијата не одговара на реалноста.

Според агенцијата, Русија наводно изработила нацрт-проект во кој се содржат предлози за преоден период во Сирија со рокови за одржување на парламентарни и претседателски избори во земјата. МНР РФ ја негираше вистинитоста на текстот.

Согласно информациите од „документот“ на кој се повикува „Ројтерс“, уставната реформа не треба да се спроведува под раководство на сегашната сириска власт – претседателот Башар Асад. Притоа, како што пишува агенцијата, документот не предвидува дали Асад ќе учествува во планираните претседателски избори.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња