Кремљ: Русија не планира да троши прекумерно на одбрана како САД

Русија, за разлика од САД, ќе избегнува огромни трошоци за одбранбени проекти затоа што Москва има поевтини и поефикасни начини да го обезбеди капацитетот за одбрана на земјата, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претседателот на Русија Владимир Путин претходно изјави дека Русија ќе преземе соодветни мерки за зајакнување на капацитетот на своите стратешки нуклеарни сили и за изградба на одбранбен систем како одговор на американските планови за изградба на глобална антиракетна одбрана, пренесува агенцијата „Спутник“.   

Рускиот лидер исто така рече дека тврдењата за наводна нуклеарна закана од Иран и Северна Кореја се покритие за вистинските намери на САД за неутрализирање на Русија и за здобивање со нуклеарна надмоќ.

„Претседателот многупати изјави дека опциите што ги избираме се многу поевтини, но поефикасни“, одговори Песков на новинарско прашање за евентуално зголемување на руските трошоци за одбрана во однос на американските планови за глобална антиракетна одбрана.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња