Путин: Операцијата во Сирија покажа дека успеавме да ја зголемиме борбената готовност на руската армија

Според претседателот на Русија Владимир Путин, стабилноста во воената индустрија е важна за поддршката на економијата на земјата во целина.

Претседателот на Русија Владимир Путин нагласи дека операцијата на Вооружените сили на Русија во Сирија покажа дека борбената готовност на војската е зголемена, пренесува ТАСС.  

„Благовременото преземање мерки ја зголеми борбената готовност, борбените можности на нашите Вооружени сили. И тоа убедливо го потврдува антитерористичката операција што ја спроведуваме на барање и молба на сириското раководство“, изјави рускиот лидер на состанокот посветен на проблемите на воената индустрија.

Според зборовите на рускиот претседател, стабилноста во воената индустрија е важна за поддршката на економијата на земјата во целина.   

„Многу е важна (сферата на воената индустрија) за развојот на целата економија и за одржување на социјалната стабилност. Со оглед на тоа дека во оваа сфера работат голем број луѓе, високообразовани специјалисти, со членовите на семејствата – тоа се стотици илјади луѓе“, изјави Путин.  

Тој наведе дека воените претпријатија работат „ритмично".

„Вооружените сили се пополнуваат со нови стратешки ракетни комплекси, нуклеарни и повеќенаменски подморници и бродови. Се обновуваат борбената авијација, противвоздушните ракетни сили, вооружувањето и техниката на копнените и воено-десантни сили“, рече претседателот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња