Пентагон: Не сакаме војна со Русија, но ќе ги штитиме своите интереси

САД немаат намера да направат од Русија непријател, но Вашингтон разгледува со своите сојузници варијанти за спречување понатамошно зајакнување на Русија, изјави шефот на Пентагон Ештон Картер.

САД не сакаат ниту студена, ниту активна војна со Русија, но ќе продолжат да ги штитат своите интереси и интересите на своите сојузници, изјави шефот на Пентагон Ештон Картер во саботата, 7 ноември, пренесува РИА „Новости“.  

„Ние не се стремиме ниту кон студена, а не пак за активна војна со Русија... Ние не сакаме да направиме од Русија непријател. Но нека не се залажуваат, Соединетите Држави ќе ги штитат своите интереси, на нашите сојузници, принципите на меѓународниот поредок, како и светлата иднина на сите нас“, изјави Картер на воениот форум во Претседателската библиотека „Роналд Реган“ во Калифорнија.

Тој ја обвини Русија за поттикнување на конфликтите во Европа, особено за нарушување на интегритетот на Украина и Грузија, за заплашување на балтичките држави. А во Сирија за „додавање масло на опасниот оган на граѓанската војна“. Притоа тој изјави дека не исклучува дека Русија ќе одигра конструктивна улога во сирискиот конфликт. Картер додаде дека САД разгледуваат со своите сојузници варијанти за одвраќање на зајакнувањето на Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња