Захарова: „Кој е уште Шарли?“

Портпаролот на МНР РФ го постави ова прашање на својата страница на Фејсбук откако магазинот „Шарли Ебдо’“ објави карикатури по повод падот на авионот А321 на Синајскиот полуостров.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова го коментираше  објавувањето во магазинот „Шарли Ебдо“ на карикатури поврзани со падот на рускиот авион А321 во Египет.

„Кој е уште Шарли?“ – напиша таа на својата страница на Фејсбук.

Магазинот претходно објави две карикатури посветени на несреќата на авионот. На едната од нив е нацртан терорист на „Исламската држава“ како се фатил за глава додека врз него паѓаат парчиња од авионот, а на другата – череп со очила за сонце, додека во позадина е урнатиот авион.

Претходно в септември Марија Захарова коментираше карикатура на „Шарли Ебдо“ поврзана со загинување на сириско дете.

„Знаете зошто не сум „Шарли“? Затоа што, според мене, тие се мамат и нас, и себеси, (...) тврдејќи дека за нивниот хумор нема забранети теми. Кога би било така, тогаш и карикатурата на мртвото сириско дете би можела да се разбере (не да се прифати, туку да се разбере). Но само под еден услов – доколку по терористичкиот напад „Шарли“ би објавиле нов број со карикатура на загинатите другари“. Во тој случај креативноста на изданието би останала опасна провокација, но, во крајна мера, во неа би можело да се види поглед на светот“, истакна портпаролот на МНР РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња