Лавров: Русија никогаш нема да тргне по патот на самоизолација

РФ спроведува независна политика, но секогаш ќе биде подготвена за соработка со сите кои одговараат на реципрочна основа, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

Русија е секогаш подготвена за соработка со сите кои ги градат односите на рамноправна основа со заемна почит. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, говорејќи на петтиот Светски конгрес на сонародниците, пренесува ТАСС.

„Русија спроведува независен, самостоен надворешнополитички курс, се залага за приоритет на меѓународното право, за потребата од почитување на централната улога на ООН. Притоа, како што многупати има потенцирано претседателот Путин, без оглед на сите постапки на нашите колеги, ние никогаш нема да тргнеме по патот на самоизолација, по патот на барање непријатели“.  

Според зборовите на министерот, Русија „ќе биде секогаш подготвена за соработка со сите кои ќе ни одговорат со заемност, кои во реалноста ги градат односите на рамноправна, со заемна почит, основа.

„Убеден сум дека нашите сонародници кои добро ја знаат ситуацијата во земјите каде што живеат можат ефикасно да придонесат за нашата соработка со тие држави“, додаде шефот на руската дипломатија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња