Околу 85 илјади луѓе учествуваат во маршот „Ние сме единствени!“ во центарот на Москва на Денот на народното единство, соопшти Главната управа на МВР во Москва, а пренесува „РТ“.
Акцијата организирана од Граѓанската комора на Русија започна во Москва со масовен марш по кој ќе следуваат митинг и концерт.
Во маршот учествуваат претставници на традиционалните верски заедници во Русија, како и активисти на Московската федерација на синдикати, разни политички партии и граѓански организации.
На 4 ноември 1612 година народните востаници под водство на Кузма Минин и Дмитриј Пожарски ја ослободиле Москва од полските освојувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче