Пентагон загрижен за своите комуникации поради активностите на руските подморници

Разузнавачките служби на САД се плашат дека Русија може да ги прекине комуникациските кабли, оставајќи ги без врска политичките и економските институции на земјата.

Американските воени и разузнавачки служби се вознемирени поради тоа што руските подморници вршат „агресивно дејство“ во близина на важните подводни комуникациски кабли кои го обезбедуваат речиси целиот интернет во светот, соопштува во понеделникот весникот „Њујорк Тајмс“, а пренесува РИА „Новости“.

Весникот истакнува дека најголема загриженост предизвикува фактот што во случај на каков било конфликт со Русија, руската страна би можела да ги прекине каблите и да ги остави без комуникација политичките и економските институции на САД, како и обичните граѓани.   

Весникот истакнува дека Пентагон многу внимателно ја следи оваа ситуација.

„Секој ден ме загрижува тоа што Русите можат да го преземат“, изјави командантот на подводната флота на САД контраадмиралот Фредерик Реге.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека минатиот месец руската подморница „Јантар“, опремена со два апарати за големи длабочини, бавно се префрлила од Источниот брег на САД до Куба, каде се наоѓа еден од најважните кабли во близина на воената база на САД во заливот Гвантанамо. Набљудувањето се вршело со сателити, бродов и авиони. Претставници на ВМС САД изјавија дека подморниците од таков вид можат со леснотија да го пресечат комуникацискиот кабел дури и на поголема длабочина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња