Лавров: Русија е подготвена со САД да ги координира дејствата во Сирија

Одбивањето на Американците да ја координираат со нас нивната антитерористичка кампања е голема грешка, смета министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Москва е подготвена со САД максимално да ги координира дејствата во Сирија, подготвена е од воздух да ја поддржи и умерената опозиција, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Повторувам, одбивањето на Американците да ја координираат со нас нивната антитерористичка кампања е голема грешка. Ние се потполно подготвени на таква координација. И не само тоа, подготвени сме да ѝ пружиме поддршка од воздух и на патриотската опозиција, вклучувајќи ја и тнр. Слободна сириска армија, иако тие одбиваат да ни достават информации за тоа каде според американските проценки се наоѓаат терористите, а каде патриотската опозиција“, изјави Лавров во емисијата „Вести во сабота” на ТВ каналот „Русија 1”.

Како што изјави рускиот министер за надворешни работи, „за нас е најважно да најдеме луѓе од доверба кои ги претставуваат различните вооружени групи кои, помеѓу другото, се борат против тероризмот“.

Министер изјави дека потезите на Русија во Сирија се позитивно оценети. „Акцијата на нашето воено присуство во Сирија мнозинството ги оцени како најефикасен одговор на терористичката закана, особено во светлината на напорите на американската коалиција во борбата против ИД кои траат преку година дена, при што за тоа време ИД само ги зголеми своите територии“, истакна Лавров, а пренедува РИА „Новости”.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња