Руските медиуми со коментар на американското истоварување на португалскиот брег

Видеото на „Јутјуб“ е насловено како „Маринскиот корпус на САД се истовари во Португалија“. Немојте многу да се смеете“.

На интернет може да се најде репортажа на португалска телевизија за неуспешното истоварување на американските маринци: „хамерите“ заглавија во песокот и го блокираа патот за останата техника.

На руски видеото е насловено како „Маринскиот корпус на САД се истовари во Португалија“. Немојте многу да се смеете“.

Епскотo истоварување се случило на атлантскиот брег во близина на селото Грандола во текот на вежбите на НАТО, пишува „Росијскаја газета“ на својот специјален портал „Руско оружје“.

Судејќи по несигурноста на американските маринци, тие не ја предвиделе ваквата ситуација. Војниците се обидуваат да ги спасат „хамерите“ од ненадејно „заробеништво“, удирајќи ги по тркалата. Тие седнуваа во кабината, потоа излегуваа и го туркаа возилото, меѓутоа, без успех. Одделни војници се изморија и легнаа на песокот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња