Експерт: Во Црна Гора се случува мајдан „наопаку“

Првпат против прозападни и проамерикански власти се употребени технологии од „обоените револуции“; смета познатиот руски експерт Ростислав Ишченко.

Во Црна Гора еден од лидерите на коалицијата Демократски фронт и претседател на партијата „Нова српска демократија” Андрија Мандиќ повика на смена на власта фактички со користење на „обоена технологија“, смета Ростислав Ишченко, претседател на Центарот за системска анализа и прогноза.

Станува збор за чиста „обоена револуција“ кога опозицијата бара да ѝ се предаде власта заобиколувајќи ги притоа легитимните процедури, објаснувајќи го со тоа своето барање дека постојната власт ја загубила својата легитимност, пишува Ишченко за РИА „Новости”. Меѓутоа, додава тој, тоа сепак не е стандардна „обоена револуција”.

Таа е необична по тоа што првпат се применува против проамерикански режим, а протестите се предизвикани од намерата на владејачкиот режим да ја интегрира Црна Гора во НАТО, објаснува експертот.

Тој се прашува зошто опозицијата во Црна Гора токму сега ги изнесе своите барања, по 24 години владеење на Мило Ѓукановиќ, кој цело време спроведува проамериканска, односно антируска политика.

„Сметам дека одговорот лежи на спротивната страна на Средоземното море, каде Русија не само што почна воена акција со цел уништување на проамериканските исламисти во Сирија, туку покажа дека е способна и подготвена да ја блокира американската воена активност”, пишува Ишченко.

Сега оние кои се плашеа од американската воена моќ се уверија дека Русија може да пружи заштита, „дека ако Москва каже „не“, поморските носачи на „демократијата“ нема да дојдат, а воздушните нема да долетаат и повеќе никого Америка нема да може неказнето да бомбардира и да го врати во каменото доба“, смета експертот.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња