Путин: Терористите во Сирија прават планови за експанзија

Терористите се стремат кон дестабилизација на цели региони, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Терористите, откако создадоа свој терен во Сирија, прават планови за експанзија, за дестабилизација на цели региони, изјави во вторникот претседателот на РФ Владимир Путин.

„Откако си создадоа своја територија во Сирија и низа други земји на Блискиот Исток, терористите правеа и продолжуваат да прават планови за експанзија, за дестабилизација на цели региони. Врбуваа и продолжуваа да врбуваат во своите редови борци од многу држави, вклучително, за жал, и од Русија, и од земјите на ЗНД“, изјави Путин, говорејќи во Кремљ на церемонијата на промовирање високи офицери, назначени на командни должности.

Претседателот потсети дека како превентивна мерка Русија ја почна операцијата во Сирија. Шефот на државата повторно потенцираше дека воената помош на Русија за Сирија во целост соодветствува на воената доктрина на Русија и меѓународното право, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња