МНР Русија со реакција на настаните во Црна Гора

Најновите настани во Подгорица предизвикуваат жалење, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Црногорската полиција на 17 октомври употреби сила за да ја растера опозицијата која од 27 септември протестира против доаѓањето на генералниот секретар на НАТО во Црна Гора. По тој повод се огласи Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува „RT“.

Како што соопштува министерството, според информациите кои пристигнуваат од Црна Гора, органите на редот уапсиле 11 лица, десетици граѓани се повредени и во болница, а повредени има и меѓу припадниците на полицијата.

„Најновите настани во Подгорица предизвикуваат жалење. Ние повеќепати нагласивме дека е во интерес на Русија Црна Гора да биде стабилна земја која успешно се развива“, се вели во соопштението на сајтот на МНР РФ.

„Истовремено, не може а да не се види дека, и покрај уверувањата кои црногорското раководство ги добива од западните држави, забрзаното вклучување на оваа земја во процесот на евроатлантската интеграција воопшти не води кон нејзина консолидација и просперитет. Повеќе ќе биде обратното – се случува политичка и идеолошка поларизација на општеството и заострување на социјално-економските проблеми. Се добива впечаток дека забрзаниот процес на пристапување на Црна Гора во НАТО пактот истовремено подразбира и задушување на алтернативните ставови”, се наведува во соопштението на рускиот дипломатски ресор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња