Антонов: ИД планира да се шири кон Европа, Русија и Азија

Определени основи за претпоставка за тоа на кои територии може да има експанзија на „Исламската држава“ е фактот што терористите преку Авганистан можат да се обидат да навлезат во други држави, истакна заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов.

Терористичката група „Исламска држава“ е во експанзија, изјавува дека има планови да ги прошири активностите врз Европа, Русија, Централна и Југоисточна Азија. Авганистан може да биде искористен за навлегување во земјите од ЗНД и на северот на Кина, соопшти заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов.

Во текот на својот настап на шестиот форум за безбедност во Хонг Конг Антонов рече дека во моментов екстремистичката квазидржава има стабилни извори на приход и добро опремена армија. „Исламската држава“ ја шири својата експанзија, пишува РИА „Новости“.  

Притоа Антонов истакна дека патот на терористите во земјите на ЗНД и на северот на Кина може да лежи преку Авганистан, каде нестабилноста останува еден од најголемите проблеми: продолжува влошувањето на ситуацијата во северните провинции на земјата, не престануваат терористичките напади, се зголемува бројот на жртви меѓу цивилното население.

„Во последно време на авганистанска територија забележително порасна терористичката активност на групите кои спаѓаат во „Исламската држава“. Територијата на Авганистан може да биде искористена од ИД за понатамошна експанзија во централноазиските републики на ЗНД и во правец кон Ујгурскиот автономен регион во Кина“, изјави Антонов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња