Лавров: Русија е погрешна адреса за прашањето за прием на бегалците во Европа

Шефот на МНР РФ Сергеј Лавров истакна дека бегалците од Блискиот Исток и од Африка сами ги одбираат земјите во кои ќе одат и потенцираше дека за наведеното прашање треба да се има предвид меѓународното право.

Бегалците од Блискиот Исток  од Африка самите ги одбираат земјите во кои заминуваат, затоа прашањето дали треба да се примат оние кои масовно заминуваат во Европа не е за Москва, изјави во средата министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров на прес-конференцијата по разговорите со својот фински колега Тимо Соини.   

„По прашањето зошто Русија да не ги земе кај себе тие бегалци, овде, се разбира, треба да се раководиме според меѓународното право кое гласи дека бегалците самите одбираат каде сакаат да одат за да се спасат од ваква или онаква несреќа“, изјави Лавров.

Според неговите зборови, причината за масовното заминување од Блискиот Исток во Европа не е поврзана со сириската криза. „Сегашниот бран бегалци кои, во суштина, одат во Европа, според нашата процена, има друга причина, не е сириската криза, во тој регион, независно дали се работи за бегалците или за заканата од тероризмот, туку сето тоа е поврзано со тоа што се уништуваат државите“, рече шефот на МНР РФ, а пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња