Во случај на „закана по живот“, британските пилоти добија право да напаѓаат руски авиони над Ирак

Според информациите на медиумите, истовремено на британските пилоти им се дадени инструкции по секоја цена да избегнуваат контакт со руските ловци.

Пилотите на НАТО, вклучувајќи ги и британските кои летаат со авионите „Торнадо“, добија право да ги нападнат во воздушниот простор на Ирак воените авиони на РФ доколку настане ситуација која е „закана по нивните животи“. Ваквото тврдење во неделата го објави лондонскиот весник „Дејли Стар Сандеј“ повикувајќи се на сопствени извори во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

Истовремено на „пилотите на британското воено воздухопловство им се дадени инструкции да избегнуваат по секоја цена контакт со руските ловци“, истакнува изданието.

„Авионите „Торнадо“ на кралските ВВС ќе бидат вооружени со ракети „воздух-воздух“ и добија одобрение да напаѓаат непријателски руски авиони“, се тврди во статијата.

„Овој чекор беше преземен откако британските министри предупредија дека ситуацијата на Блискиот Исток стана „многу поопасна“ поради дејствијата на Русија“, тврди весникот.

Според зборовите на еден од изворите на весникот, „кога авионите летаат со надзвучна брзина, во воздушниот простор многу брзо станува тесно“, и затоа „може да дојде до судир, или рускиот пилот може по грешка да биде соборен“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња