Путин исклучува руска копнена операција во Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е исклучена можноста руските Вооружени сили да започнат копнена операција во Сирија.

„Тоа е исклучено“, изјави Путин во интервјуто за емисијата „Недела вечер со Владимир Соловјев“ на каналот „Русија 1“. „Што и да се случи, немаме намера да го правиме тоа и нашите сириски пријатели го знаат тоа“.   

„Специјалистите во Генералштабот во координација со сириските партнери и други земји од регионот создадоа, како што знаете, информативен центар во Багдад и како резултат на размена на податоци добија дополнителни информации. Така што сѐ што се случува на небо и на земја не се спонтано дејство, туку исполнување на претходно поставени планови“, истакна Путин, а пренесува „Взгљад“.

„Русија вршеше извидување од вселената и од воздухот пред да ја започне операцијата во Сирија“, додаде претседателот Путин.

Тој потврди дека периодот на операцијата на Русија во Сирија ќе биде ограничен со офанзивната операција на сириската војска.

„Москва не губи надеж дека другите земји ќе ѝ се придружат на нејзината операција во Сирија“, додаде претседателот на Русија. Тој истакна дека руските специјалисти веќе ги испратиле до Пентагон своите предлози за борба против терористите во Сирија.  

„Неразбирливо е зошто САД одбија да даваат податоци за целите на ИД во Сирија“, додаде Путин.

„Ние претходно ги предупредивме нашите партнери: и американските партнери, и многу други наши партнери, особено од земјите во регионот, за нашите намери, за нашите планови. Некој вели дека ние сме го направиле тоа предоцна, но сакам да обрнете внимание на тоа дека нас воопшто никој и никогаш не нѐ предупредува кога планира операција од таков вид“, изјави претседателот на Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња