Лукашенко: Со Путин ќе го разгледаме прашањето за авио-база во Белорусија

Белорускиот претседател претходно изјави дека досега немало збор за изградба на руска воздухопловна база на територијата на Белорусија.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко планира со претседателот на Русија да го разгледа прашањето за отворање руска авио-база во Белорусија.  

„Таа тема ќе ја разгледам со претседателот на Русија. Ако Русија гледа нешто што ние не го гледаме, макар што ние сме поблиску до вас (Западот) и гледаме повеќе, Русија ќе каже“, изјави Лукашенко, а пренесува РИА „Новости”. Тој го изјави ова денеска, 11 октомври, на прес-конференција во Минск, одговарајќи на прашање на новинарите дали во Белорусија ќе биде отворена руска воздухопловна база.

„Се сомневам дека Русија навистина е подготвена да ја направи таа база“, рече тој, појаснувајќи дека таквиот проект ќе биде скап. 

Претходно претседателот Лукашенко изјави дека никогаш не разговарал за отворање руска авио-база на територијата на Белорусија. Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека ќе ја провери изјавата на Лукашенко за руска воена база.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња