Русија и САД ќе разговараат за воздушните операции во Сирија

Русија ќе преговара со САД за безбедноста на воздушниот простор во Сирија, соопшти Пентагон.

Русија ќе разговара со САД за безбедноста на воздушниот простор во Сирија, соопшти Пентагон.

„Министерството за одбрана (на САД) доби официјален одговор од руското министерство на предлогот да се разгледа безбедноста на воздушните операции на небото над Сирија“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон Питер Кук, пренесува „Би-Би-Си“.

Во моментов предлозите од руската страна се разгледуваат, објасни Кук. Според неговите зборови, разговорите, најверојатно, ќе се одржат во текот на викендот.

Претходно Русија се обрати до Велика Британија со барање да добие информации за инфраструктурата на екстремистите во Сирија „за зголемување на ефикасноста на воздушните напади“, пишува „Интерфакс“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња