Пушков: САД фактички се откажаа од политиката на изолација спрема Русија

Таквата политика на американското раководство „веќе има влијание врз Европејците“, смета Алексеј Пушков, шеф на комитетот на Државната дума за меѓународни работи .

САД фактички се откажаа од политиката на изолација спрема Русија. Вакво мислење искажа шефот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков на состанокот на работната група за правна анализа на законодавните процедури и правните акти што се применуваат во Украина, соопштува ТАСС.

„Моментот кој е против Украина е кризата на политиката на изолација. Де факто, САД се откажаа од политиката на изолација“, потенцираше Пушков.

Според него, тоа го потврдува и средбата на претседателите на РФ и САД  Владимир Путин и Барак Обама во Њујорк, и обновата на активниот дијалог меѓу шефовите на дипломатиите Сергеј Лавров и Џон Кери, и контактите меѓу министерствата за одбрана на Русија и САД. „Де факто ова значи дека политиката на изолација остана вербална формула до која САД се принудени да се придржуваат за да изгледаат конзистентни, но која не може да се реализира во пракса“, додаде Пушков.

Според него, ваквата политика на американското раководство „веќе има влијание врз Европејците“. Пушков потсети на изјавата на шефот на Европската комисија за неопходноста од воспоставување дијалог со Русија.

„Мислам дека тоа е одраз на сериозниот напредок во расположението на европската политичка елита“, заклучи шефот на комитетот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња