Грушко: Русија ќе одговори на секој обид на НАТО за нарушување на паритетот

Русија ќе примени возвратни мерки на секој обид на НАТО за нарушување на паритетот и обезбедување воена надмоќ, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко во текот на видео-мостот „Москва-Брисел“.
 

„Ние одамна ги предупредивме земјите на НАТО дека на секој обид за покажување сила спрема Русија, на секој обид за обезбедување воена надмоќ, за нарушување на паритетот во одделни региони ние ќе парираме и ќе ги преземеме сите неопходни законски мерки да ја осигураме нашата безбедност“, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко во текот на видео-мостот „Москва-Брисел“.

Исто така, според зборовите на Грушко, НАТО значително ги засилило извидувачките летови по должината на руските граници, пренесува РИА „Новости“.

Во четвртокот портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека НАТО ги објаснува своите активности со измислени оправдувања за наводна закана која доаѓа од Русија и дека секој план за доближување на воената инфраструктура на НАТО до границите на Руската Федерација ќе доведе до возвратни дејствија од страна на Москва. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња