ЕУ не размислува за воведување санкции против РФ поради Сирија

Висок претставник на Европската унија ги демантираше информациите, кои се појавија претходно во медиумите, дека операцијата на руската воена авијација во Сирија ќе повлече со себе воведување нови санкции против Русија.

Европската унија не ја разгледува можноста за воведување санкции против Русија во врска со ситуацијата во Сирија, изјави за РИА „Новости“ во петокот висок претставник на ЕУ.  

Претходно некои медиуми, повикувајќи се на функционер од ЕУ, соопштија дека Европската унија не исклучува примена на нови санкции против РФ во врска со операцијата на руските ВКС во Сирија.

„Не, тоа не се разгледува, апсолутно не“, изјави претставникот на ЕУ, одговарајќи на прашањето дали се можни санкции во врска со активностите на Русија во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња