ЕУ ги укина санкциите за компоненти за ракетно гориво од Русија

Во „Службениот весник на ЕУ“ се вели дека станува збор за хидразин, кој има широка примена во ракетната техника и се користи за многу ракети-носачи, вклучувајќи ги руските „Протон“ и француските „Аријана“.

Европската унија исклучи од санкциите против РФ компоненти на ракетно гориво, неопходни за реализација на европските вселенски програми, како и за лансирање на сателити произведени во европските земји. Ова беше објавено во петокот во „Службениот весник на ЕУ“.

Според весникот, станува збор за хидразин и неговите деривати – асиметричниот диметилхидразин (хептил) и монометилхидразин.

Хидразин има широка примена во ракетната техника и се користи за многу ракети-носачи, вклучувајќи ги руските „Протон“ и француските „Аријана“, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња