Медиуми: Русија ги расипала плановите на западната коалиција за зона на забранети летови над Сирија

Според информациите од извори на „Фајненшел Тајмс“, ненадејното вмешување на Русија во сирискиот конфликт е поврзано со намерата на западната коалиција да го затвори небото за авијацијата на Асад.

Со започнувањето на воздушната операција во Сирија, Русија ги нарушила плановите на САД и нивните сојузници за создавање зона на забранети летови над таа земја, соопшти британскиот весник „Фајненшел Тајмс“ повикувајќи се на свои дипломатски извори.  

Според информациите на изданието, претставниците на коалицијата по преговорите кои траеле со месеци, се нашле блиску до договор за воспоставување безбедносни зони над Сирија. Предлогот бил даден од Турција и Јордан. Суштината на планот е да запрат воздушните напади врз цивилното населени на северот и југот на земјата кои, како што тврди коалицијата, ги нанесува армијата на Башар Асад.

Изворите на „Фајненшел Тајмс“ претпоставуваат дека толку брзото вмешување на Русија во сирискиот конфликт може да биде поврзано токму со овие планови на коалицијата, пренесува „Интерфакс“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња