Лавров: „Сириската слободна армија“ е фантомска структура

Ако навистина станува збор за способни вооружени групи на патриотската опозиција во чиј состав се Сиријци, подготвени сме да воспоставиме контакт со нив, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

„Сириската слободна армија“ и умерената опозиција генерално остануваат фантомски структури, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Тој додаде дека Русија барала од САД објаснување за тоа каква е тоа организација и каде се наоѓа.

„Умерената опозиција тешко дека може да се пофали со некакви успеси, за нив никој не знае, а ни за самата умерена опозиција речиси никој нема слушнато. Стана збор за „Сириската слободна армија“, но тука веќе се работи за фантомска структура“, изјави Лавров, а пренесува „Взгљад“.

„Јас на крајот го замолив Џон Кери САД да ни обезбедат информации за тоа каде се наоѓа таа армија и кој е на нејзиното чело.  Ние сме дури и подготвени да воспоставиме контакт со нив ако навистина станува збор за способни вооружени групи со патриотска ориентација во чиј состав се Сиријци“, изјави шефот на руската дипломатија.  

Според неговите зборови, засега никој не објасни каде и како функционира „Сириската слободна армија“, ниту каде и како функционираат останатите одреди на умерената опозиција.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња