Пентагон: САД ѝ немаат испорачано преносни ракетни системи на сириската опозиција

Претходно „Вашингтон Пост“ соопшти дека најмалку две антивладини групи побарале од Вашингтон да им даде преносни ракетни системи за употреба против руското Воено воздухопловство.

САД немаат испорачано преносни ракетни системи на ниедна група од сириската опозиција, потврди официјален претставник на Министерството за одбрана на САД, а пренесува ТАСС. 

„Немаме испорачано преносни ракетни системи“, потврди службеникот на Пентагон. Друг дополнителен коментар немаше. Тој не даде одговор и на прашањето да прецизира дали е точно дека американската влада во моментов го разгледува барањето од страна на сириската опозиција за испорака на преносни ракетни системи.

Во саботата, 3 октомври, порталот „Взгљад“, повикувајќи се на весникот „Вашингтон Пост“ соопшти дека најмалку две антивладини групи во Сирија се обратиле до американската администрација со барање да добијат преносни ракетни системи за употреба против Военото воздухопловство на Русија кое дејствува во Сирија.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња