Одбојкарките на Русија ја одбранија титулата шампиони на Европа

Женската одбојкарска репрезентација на Русија ја победи во финалето Холандија со резултат 3-0.

Женската репрезентација на Русија ја победи репрезентацијата на Холандија во финалниот натпревар на првенството на Европа во одбојка и со тоа ја одбрани титулата.

Натпреварот што се одигра во Ротердам заврши со резултат 3-0 (25:14, 25:20, 25:20).

Бронзениот медал ѝ припадна на репрезентацијата на Србија, која беше подобра од репрезентацијата на Турција со 3-0 (25:19, 25:17, 25:18).

За најдобра одбојкарка на првенството беше прогласена репрезентативката на Русија Татјана Кошељова. За најдобар либеро беше прогласена нејзината колешка Ана Малова, а најмногу блокови имаше Ирина Зарјажко, исто така од руската репрезентација.  

Ова е втора титула по ред за репрезентацијата на Русија од вкупно шесте во историјата на натпреварувањето.

Првенството се одржа во Белгија и Холандија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња