Нетанјаху: Односите меѓу Израел и Русија не треба да бидат нарушени поради Сирија

Израел не сака да се врати во деновите кога меѓу Русија и Израел постоеше судир, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел во Сирија има поинакви цели отколку Русија, но е заинтересиран да избегне конфликт со Русија и не сака враќање на состојбата на конфронтација од времето на студената војна, изјави во интервју за „Си-Ен-Ен“ премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху.

Идната недела воени претставници на Русија и Израел ќе почнат консултации за координирање на активностите во Сирија, каде Русија спроведува воздушна операција против ИДИЛ, а Израел сака да ја задри слободата на дејствување со цел неутрализација на заканите по националната безбедност.

Нетанјаху минатата недела во Њујорк истакна дека Израел не сака да се „врати во деновите кога меѓу Русија и Израел постоеше судир“. „Сметам дека оттогаш ги сменивме нашите односи и тоа е добро“, додаде Нетанјаху, а пренесува РИА „Новости“.

На прашањето дали очекува дека военото присуство на Русија во Сирија ќе ја стабилизира ситуацијата или ќе има спротивен ефект, тој одговори: „Времето ќе покаже“.

„Ние во Сирија имаме различни цели. Јас ги дефинирав своите цели. Мојата цел е да ја заштитам безбедноста на својот народ и својата земја. Русија има поинакви цели, но тие не треба да дојдат во колизија“, изјави Нетанјаху.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња