МНР Египет: Операцијата на Русија во Сирија ќе го искорени тероризмот во таа земја

Станува збор за првата официјална реакција на Египет на руската интервенција во Сирија.

Операцијата на Воздушно-космички сили на Русија со воздушните напади врз „Исламската држава“ во Сирија ќе придонесе за искоренување на тероризмот во таа земја, изјави шефот на египетската дипломатија Самех Шукри. Станува збор за првата официјална реакција на Египет во однос на руската интервенција во Сирија.

Според неговите зборови, информациите кои Каиро ги добило преку директен контакт со Москва „сведочат за вниманието кое Русија ѝ го посветува на борбата против тероризмот и ограничувањето на неговото ширење во Сирија“, пренесува „Взгљад“.

„Вклучувањето на Русија со нејзиниот потенцијал и можностите во оваа борба, според нашата процена, ќе влијае врз ограничувањето на тероризмот во Сирија и за негово искоренување“, изјави Шукри во интервју за саудискиот ТВ канал „Ал-Арабија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња