Асад: Заедно со Русија ќе го победиме тероризмот

Претседателот на Сирија Башар Асад во интервју за иранските медиуми изјави дека антитерористичката коалиција на Русија, Сирија, Иран и Ирак ја очекува успех.

Сирискиот претседател Башар Асад изрази увереност дека новата коалиција, која ја вклучува и Русија, ќе постигне успех во борбата со тероризмот во Сирија. Во интервју за ирански медиум претседателот Асад предупреди дека неуспех на антитерористичката коалиција, која се состои од Сирија, Иран, Ирак и Русија може да доведе до уништување на целиот регион, пренесува „RT“.

Асад истакна дека до победа може да се дојде побрзо ако некои западни и блискоисточни земји престаната да им даваат поддршка на терористичките групи кои се борат против неговата земја.

Покрај тоа, сирискиот претседател предупреди и дека поддршката од овие земји за тероризмот ќе се сврти против нив. Тој потенцираше дека ниту еден претставник на странските влади нема право да се меша во внатрешните работи на Сирија, а политичката иднина на оваа земја може да ја определи само сирискиот народ.

 
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња