Руската авијација извршила над 60 борбени летови за да уништи над 50 инфраструктурни објекти на „Исламската држава“, соопшти во саботата началникот на главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на РФ генерал-полковник Андреј Картаполов.
„Ударите беа нанесувани деноноќно од авиобазата „Хмејмим“ во целата длабочина на територијата на Сирија. За три деноноќија успеавме да ја поткопаме материјално-техничката база на терористите и значително да го намалиме нивниот борбен потенцијал“, изјави Картаполов во Националниот центар за управување со одбраната на земјата.
Според неговите зборови, „разузнавањето регистрира дека бунтовниците ги напуштаат реоните што ги контролираат“.
„Во нивните редови почна паника и дезертерство. Околу 600 наемници ги напуштија своите позиции и се обидуваат да се пробијат до Европа“, рече генералот, а пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче